Петровска: На пристаништето во Солун стигнаа нови лесни оклопни возила за Армијата

by Fokus

На пристаниште во Грција пристигна втората пратка од 26 лесни оклопни возила JLTV Oshkosh, наменети за Армијата на Република Северна Македонија, иноформираше министерката за одбрана Славјанка Петровска на брифинг со новинарите.

„26 возила се наоѓаат на пристаништето во Солун и во наредните денови треба да започне испораката кон Република Северна Македонија, односно истите ќе бидат пренесени во касарната во Штип“, рече Петровска на новинарското прашање за набавката на оклопните возила.

Од Министерството за одбрана соопштија дека дел од арсеналот на Армијата веќе се шесте оклопни возила од истиот тип кои пристигнаа во јули лани, а на кои припадниците на Армијата имаа можност да се обучуваат. Станува збор за повеќегодишна набавка на вкупно 88 оклопни возила од ваков тип, која ќе се реализира во следните години.

„Со овие најмодерни и најсофистицирани оклопни возила го менуваме ликот на Армијата, ја зголемуваме нејзината борбената готовност и ја зацврстуваме безбедноста на Република Северна Македонија и НАТО Алијансата“, соопшти Министесрството за одбрана.

Поврзани новости