Петровска: Чулев не може да се спротивстави на владината одлука со телеграма

by fokus

Заменик-дополнителната министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска денеска преку соопштение ги повика вработените во Министерството да го задржат својот професионален и личен интегритет и да се спротивстават на секој обид на враќање на некои стари навики на беззаконие и диктаторско однесување.

Соопштението е реакција на последните служувања во МВР, откако Владата вчера на седница донесе одлука за поништување на решенијата за распоредување во Министерството кои беа деонесени пред 3-4 дена од техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев.

Таа напомена дека Владата вчера донела одлука за поништување на решенија, при чие донесување министерот Наќе Чулев, намерно или од незнаење, не ги почитувал важечките законски и подзаконски акти.

-На секој правник му е јасно дека одлука донесена во законска процедура не може да биде суспендирана врз основа на телеграма, па затоа доколку тој не се сложува со одлуката на Владата на Република Северна Македонија, треба тоа да го изрази согласно законските процедури пред институциите, а не со телеграма. Истовремено, тој не смее да ја злоупотребува својата позиција и да ги поттикнува вработените да сторат повреда на законот и да не ја почитуваат одлуката на Владата, додаде Петровска.

Како што соопшти владината прес служба, вчера на седница на Владата, врз основа на Законот за Влада на Република Северна Македонија, усвоена е одлука за поништување на 89 решенија за распоредување на работно место што ги донесе техничкиот министер за внатрешни работи Наке Чулев на 6 и 7 февруари оваа година.

Поврзани новости