743
Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ, го обвини ВМРО-ДПМНЕ дека нема вакцини поради нивните политики.
-Ако вие во периодот од 2012 до 2015 година, поради криминалот што го правевте и паралелниот увоз на лекови, и не ја избркавте Астра Зенека од државата, сега ќе имавме вакцини многу побрзо – рече Петровска на ТВ 21.
Нејзината колешка од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска, пак, смета дека СДСМ нема простор да бара изговори, бидејќи веќе 4 години е на власт.