Стојановска: Левица игра со СДСМ, зошто не го вратат името како што ветуваа?

by Фокус

Левица игра со СДСМ, изјави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановка, на ТВ 21.

-Онаа игра на пратенички прашања меѓу Апасиев и Заев, дека нешто меѓу нив не е во ред, а од друга страна излегуваат сите вистини на виделина, како онаа дека тие им помогнале на Левица да влезат во парламентот, како и тоа дека кога ќе влезат во парламентот, ќе го вратат името на државата. Ајде, еве ги во парламентот, каде се сега, нека го променат името- рече Стојановска.

Во однос на тоа, пратеничката од СДСМ Славјанка Петровска одговори дека нема договор на СДСМ со Левица.

-Сте чуле нешто што никој не го чул, ама тоа е умешноста. На СДСМ не му требаат таков тип на игранки во Собранието. Овие изјави се една обична манипулација за да се спаси столчето на Мицкоски, кој не знае од која страна бараат негова смена – рече Петровска.

Поврзани новости