Петров за отворањето на бугарскиот клуб во Охрид: Немаме ќар од давање публицитет на смислени провокации!

by Fokus

Андреј Петров од СДСМ во денешната дебатна емисија „24 анализа“ на ТВ 24 говореше за отворањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид. Притоа, тој потенцираше дека се дава публицитет на непотребни работи.

„Давањето претеран публицитет на вакви смислени провокации, од страна на група на шарлатани и фокусирањето на јавноста таму, на државата не ѝ носи ќар. Она што сакам да истакнам дека е глупост техничкиот бугарски министер за надворешни работи околу паралелата Јосип Броз Тито и цар Борис Трети. Едниот бил докажан антифашист и пријател на САД и Велика Британија. Доволно е да отидете во музејот на Бриони, ќе ги видите сликите на Тито со кралицата Елизабета или Кенеди, каде што јасно е прозападната ориентација на поранешна Југославија“, вели Петров.

Поврзани новости