Потпретседателот на СДСМ, Коста Петров вечерва соопшти дека се тестирал на корона вирус и неговиот тест е негативен.
-Со оглед на фактот дека имав контакт од дистанца со Мухамед Зекири, би сакал да ве известам дека денес се тестирав и јас, и тестот е негативен. Препораките на епидемилозите кои се наделжни и чии препораки треба сите да ги почитуваме се дека не треба да сум во самоизолација. На Мухамед и на Сања им посакувам брзо закрепнување, како и на сите оние кои се во моментов заразени или се во карантин во очекување на своите резултати. Вирусот е тука, присутен и ќе биде присутен. Треба да се придржуваме до препораките на здравствените власти и истите безусловно да ги почитуваме! Новата реалност носи и нови предизвици. Сигурен сум дека како општество ќе најдеме начин да одговориме на истите! Бидете добри, бидете безбедни, напиша Петров.