Трамп до гувернерите за насилните протести: Мора да апсите луѓе и да ги ставите во затвор

by fokus 23:23
23:23

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги критикуваше гувернерите на многу сојузни држави дека се „слаби“ и побара од нив поостро да реагираат на грабежите и уништувањето на имотот за време на протестите во бројни американски градови.

– Повеќето од вас се слаби. Мора да бидете многу поцврсти. Мора да апсите луѓе, да им влезете во трага, да ги ставите во затвор на 10 години и никогаш повеќе нема да видите вакви сцени. Ние тоа го правиме во Вашингтон. Ќе направиме нешто што луѓето не го виделе до сега, рече Трамп на видео конференција со гувернерите и функционерите за безбедност.

- Advertising -

Трамп ги повика гувернерите да побараат помош од припадниците на Националната гарда, кои синоќа придонесоа за смирување на ситуацијата во Минеаполис, каде на 26 мај почнаа протести поради убиството на Џорџ Флојд.

Претседателот на САД побара ваквите остри акции да се применат и во други градови каде има насилство, како што се Њујорк, Филаделфија и Лос Анџелес.

Тој исто така им рече на гувернерите дека „направиле будали од себе“ затоа што не повикале повеќе припадници на Националната гарда и покажале сила на улиците.

Поврзани новости