Петнаесетгодишно момче им помогна на речиси стотина луѓе да ја напуштат концертната сала „Крокус“ кога се случи терористичкиот напад во близина на Москва.
Ученик од осмо одделение, по име Ислам, работел како гардеробер во концертната сала.
Кога почнало пукањето, тој успеал да ја задржи присебноста, брзо да си го пробие патот и да ги насочи испаничените луѓе кон излезот од зградата.
Така спасил многу животи, пренесува Спутник.
Пред тоа Танјуг објави дека маж кој во петокот бил со жена во концертната сала „Крокус“ за руските медиуми изјавил дека совладал терорист и му го одзел оружјето.
Според неговите зборови, тој во моментот на нападот ја оттурнал сопругата, потрчал кон терористот, ја грабнал неговата автоматска пушка, ја одзел и почнал да го удира напаѓачот по главата, пренесува РТ.
Овој човек наведува дека набрзо притрчал друг маж и му помогнал да го онеспособи напаѓачот.
Да немаше такви херои во нападот врз присутните концерти во Москва, што се случи во петокот вечерта, сигурно ќе имаше многу повеќе жртви. За жал, загинаа најмалку 133 лица, а се претпоставува дека оваа бројка ќе расте.