603
Во екот на најавите за пуштање на „бомбата“ Фокус донесува ексклузивни детали. Имено, како што пишува неделеникот петмина припадници на безбедносните служби во МВР задолжени за следење на комуникациите му откажале послушност на врвот на полицијата.
Тие сметале дека се претерало во следењето, и со загриженост за иднината на државата архивирале голем дел од прислушуваните комуникации кои стигнале до лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Тие документи се дел од информативната „бомба“ на Заев, во која според опозицијата има докази за криминал, корупција, фалсификување избори, скандалозни разговори меѓу Јанкулоска, Ставрески и Груевски.
Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”