Милевски: Ако има морал и одговорност, Груевски ќе си поднесе оставка

by Фокус

Лидерот на ЛДП Горан Милевски во интервју за радиото Слободна Европа го повика премиерот Груевски веднаш да поднесе оставка, Тој смета дека Груевски нема кредибилитет да ја води државата. Затоа Милевски го охграбрува и Заев да се објавата материјалите од т.н. бомба.

„Аферата „Пуч“ гледате дека наиде на потсмев во меѓународната јавност. Јас читав во македонскиот лексикон како се дефинира зборот „Пуч“. Вели дека е авантуристички обид на мала група заговорници да извршат државен преврат или второ мислење е ненадеен преврат, државен удар. Тоа значи дека обелоденувањето на аферите за криминал од страна на опозицијата не може да се третираат за државен удар“ вели Милевски.

Тој смета дека власта сега сака да ја изврти сликата и да го третира ова како обид за насилно уривање на власта.

„Но гледате дека не беше обид за уривање на власта, не учествуваше ниту полиција, ниту војска, ниту некој насила влегол во собрание или во владата, а и владата не е таа којашто може да донесе одлука да се промени или не. Премиерот, доколку се испостави дека ова е точно, а не се сомневам во тоа затоа што и самиот призна дека материјалите се вистинити, единствена солуција му е да си поднесе оставка. Според мене треба да дојде една преодна влада, којашто на неутрален начин ќе ги реши овие политички кризи и состојби во државата, ќе даде една судска разрешница, МВР неутрално ќе ги испита сите тие наводи за криминал што ќе се објават и ќе подготви едни фер и демократски избори, дали годинава или догодина, треба изборите неминовно да се случат доколку навистина се толку сериозни обвинувањата, а повторно ќе речам, премиерот потврди дека се такви и сметам дека такви луѓе не може да продолжат да ја водат државата. Единствено решение е неотповиклива оставка на премиерот“, смета новиот, млад лидер на ЛДП.

Поврзани новости