Во последното деноноќие во болнички услови починати се пет лица, пациент од Тетово на шеесет и седумгодишна возраст, пациент од Струмица на возраст од 87 години, еден од Крива Паланка на возраст од 68 години и двајца пациенти од Кочани на возраст од 70 и 73 години.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се тројца пациенти. Вкупно се хоспитализирани 93 пациенти. На кислородна поддршка се 53 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се пет деца и шест мајки позитивни на ковид-19, едно дете и една мајка суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се пет, а вкупно хоспитализирани се 45 пациент. На респиратор се тројца пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 29, а во болницата во Штип се 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 191, позитивни и сомнителни на Ковид-19. Вкупно во болниците низ земјава хоспитализирани се над 400 пациенти, а директорите апелираат дека немаат ни место, ни персонал.