Во болниците низ земјава хоспитализирани се над 400 пациенти, а од нив петмина се на распиратор.
Според денешниот извештај на Министерството за здравство, на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 88 пациенти. На кислородна поддршка се 53 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 25 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 5 деца позитивни и 1 дете суспектно на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4 нови, вкупно хоспитализирани се 83 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 29, а во болницата во Штип се хоспитализирани 54 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 127 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 142 оздравени лица од: Скопје-68, Штип-3, Прилеп-1, Тетово-15, Струга-15, Охрид-15, Гостивар-7, Крива Паланка-1, Кочани-1, Пробиштип-1, Кратово-5, Свети Николе-6, Ресен-4.