402
Петмина членови на Беса денеска преминале во Движењето за реформи на ДПА. Ова на пресконфернција го соопштија од Движењето за реформи на ДПА.
-Се работи за четири потпретседатели на подоограноци на Општина Тетово и еден член на претседателството на огранокот на Тетово, изјави Агон Ферати, потпретседател на Движењето за реформи на ДПА.
Ферати додаде дека се надева дека пред изборите и „Беса“ ќе се приклучи на предизборната коалиција која се формира минатата недела, составена од неговата партија, НДП и Унитети.