Петмина членови на ДИК до Вељаноски: Избори на петти јуни ќе бидат нелегитимни

by Фокус

Петмина членови на ДИК, вчера му испратија писмо на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, во кое му укажуваат дека избори со една кандидатска листа ќе бидат нелегитимни и некредибилни, се загрозува политичкиот плурализам и не може да се гарантира тајноста на гласањето.

На ова писмо потпишани се Виолета Дума и Игор Милев, членови предложени од СДСМ и претседателот Александар Чичаковски, членот од ДУИ Субхи Јакупи и независниот Реџеп Прекопуца.

Утрово Уставниот суд ја прифати иницијативата на ДУИ за преиспитување на уставноста на распуштањето на  Парламентот и времено ги запре сите изборни активности.