Петличковски: Трета доза нема да помогне за колективен имунитет

by fokus

Директорот на Институтот за имунологија, Александар Петличковски во гостувањето во Телма, говореше за почнувањето на вакцинација со трета доза.

Според него, мора некои луѓе да се вакцинираат и со прва доза за во државава конечно да стекнеме колективен иминутет.

„Бустер дозата кај нас нема многу да помогне за колективен имунитет, бидејќи има луѓе кои не примиле ниту прва доза“, изјави Петличковски.

Тој истакна дека 6 месеци од примањето на втората доза вакцина, поголем е бројот на новоинфицирани, отколку кај оние кај кои не поминал тој период после имунизацијата.

Поврзани новости