За еден кандидат не давам поддршка, бидејќи тоа се коси со моите принципи за сфаќања на демократијата и со принципот на конкурентност, вели за Фокус Тито Петковски, се уште актуелен лидер на НСДП, која моментално одржува Централен одбор за утврдување на кандидатурите за нов партиски лидер.
-Ако има само еден кандидат нема борба, тој едноставно ќе биде октроиран, нема да биде избран, правото на избор носи прогрес, турка напред. Луѓето да се научат во живот дека треба да се борат со идеи, програми, да конкуираат и на политичкиот пазар со знаење и квалификации – вели Петковски, додавајќи дека нема да поддржи кандидат што не доставил програма.
Инаку, единствен кандидат што доставил програма е Кристијан Трајковски, додека 10 членови на Извршниот одбор застанаа зад Горан Мисовски, но, според досегашните информации, тој не доставил програма.
К.С.Б