Петковски: Пратеници водени од партиски интереси не може да се договорат

Зошто македонското Собрание е нефункционално?

by fokus

Македонското Собрание кое е задолжено за носење на законите во интерес на граѓаните функционира половично. Предлог-законите заглавуваат низ собраниските процедури и по повеќе од една година, иако собранискиот Деловник предвидува одредени рокови.

Поранешниот претседател на Парламентот, Тито Петковски смета дека не е проблем Деловникот, доколку има одговорен однос од страна на пратениците. Ако има добра волја за интересите на државата, Деловникот не може да биде проблем.

 Главниот проблем е што пратениците премногу се врзани за партијата, а никако за граѓаните. Доминатни се партиски ставови, за законите пратениците не одат да ги консултираат граѓаните. Па така е дури и во Владата, министрите од ДУИ велат дека шеф им е Али Ахмети. Бидејќи пратениците се водат само по партиските интерси, а партиските интереси сами по себе се дијаметрално спротивни, тогаш нормално не може да дојде до договор, вели Петковски.

И тој е согласен дека Собранието нема да функционира така тешко ако мнозинството е поголемо. А, сега често не можат да соберат мнозинство за гласање, па се даваат одредни термини за гласање со цел да дојдат сите пратеници од владејчкото мнозинство.

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК

К.С.Б.

 

 

Поврзани новости