Мицкоски: Има тивка коалиција меѓу криминалот и раководството на МВР

by fokus

Постои тивка коалиција на криминалот со раководството на МВР, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање на што се темелат обвинувањата на опозицијата кон Министерството за внатрешни работи.

-Уште во 2017-та или 2018-та година на спектакуларен начин се откри дека во обвинителството и во основен суд 1 Скопје биле прислушкувани судии, обвинители каде биле откриени тајни централи за снимање на разговори. Дебаклот на Спасовски започна уште од тогаш кога излезе и рече дека сето тоа е на сигурно и дека сторителите многу скоро ќе бидат изведени пред лицето на правдата, но од таа работа ни трага ни глас нема за жал, па сѐ до овие последни пасоши кои се раздаваа на белосветски и балкански наркобосови итн., рече Мицкоски.

Според него, кулминацијата на сето ова беше тендерот за набавка на сметачки машини од компанија која е на црната листа на САД.

-Имаме една сериозна спрега помеѓу криминалот и за жал раководството на министерството за внатрешни работи. Покрај криминалот и корупцијата, парите и провизиите немаат боја, a тогаш и колнењето престанува, заклучи Мицкоски.

Неделникот „Фокус“ во последниот број пишуваше за поврзаноста на српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик со македонската „Инфинити“ која добила над 10 тендери вредни вкупно 1,5 милион евра, од кои највредниот договор е склучен со МВР.

Поврзани новости