Ако се бара консензус од сите пратенички групи за да се донесе законот за ЈО како услов да се одржат изборите, избори никогаш нема да има, смета лидерот на НСДП Тито Петковски. За време на гостувањето во Утрински брифинг, тој истакна дека законот треба да се донесе зашто тоа може да ги подобри шансите за добивање на датум за почеток на преговорите со ЕУ.
-Со новиот закон им се скратуваат роковоите на постапките и предметите што се водат против нив побрзо да бидат процесуирани. Така што оваа грчевите борба што ја води ВМРО-ДПМНЕ не е да им биде подобро на граѓаните, да фукционира владеењето на правото, да имаме слободно судство, туку како да се спасат да одат во затвор – вели Петковски.
Тој вели претседателите на политичките партии, кои кај претседателот Стево Пендаровски се договорија за оддржување на предвремени парламентарни избори на 12 април, немале уставни надлежности да одлучуваат за распуштање на парламентот.
-Законот е јасен – избори се одржуваат откако ќе се распушти Собранието. Не може да не го викнете човекот на тие средби човекот кој што треба да ги распише изборите – претседателот на Собранието. Треба да сфатат претседателите на партиите дека не може тие да го раководат целиот политички систем – вели лидерот на НСДП.
Петковски додава дека НСДП веќе ги составила изборните листи, но, како што вели, се уште немаат одлука со кого ќе коалицираат.