Се протестира на погрешно место: Цементарница УСЈЕ не е причинител на состојбите со амбиенталниот воздух во Скопје

by Fokus

Немаат логика какви било блокади на Цементарница УСЈЕ, затоа што сите релевантни мерења на емисиите докажуваат дека УСЈЕ не е причинител на зголеменото загадување на воздухот во нашиот град. Дополнително, неспорен аргумент е дека УСЈЕ ги имплементира сите домашни и европски регулативи од областа на заштитата на животната средина во индустријата. УСЈЕ ништо не крие и постојано е отворена за сите заинтересирани граѓани, активисти и невладини организации, затоа што веруваме во отворена, аргументирана и одговорна дебата, се вели во нивното соопштение.

-Исто така, активистите од групата Чист воздух, како и претставниците на О2 коалиција неколкупатидиректно ги поканувавме да нѐ посетат за детално да се запознаат со начинот на работа на Цементарница и во отворен и директен разговор да ги размениме аргументите.Цементарница УСЈЕ  тоа го прави, искрено верувајќи дека со невладиниот сектор има заеднички интерес – реална и прецизнаидентификација на факторите кои влијаат на зголемувањето на аерозагадувањето и заедничкасистематска борба за подобрување на квалитетот на воздухот во нашиот град, која ќе доведе до ефикасни решанија во интерес на граѓаните. И покрај нашата подготвеност за дијалог со сите заинтересирани страни, продолжува неаргуметираниот напад врз компанијата со целосно неточни и невистинити тврдења кои ниту се потврдени од релевантни фактори, ниту пак за тоа постојат реални докази. Ваквата состојба во која е ставена нашата компанија не води кон подобрување на состојбите, бидејќи тоа е можно само со аргументи и со реални показатели и факти, а истовремено е крајно неодговорна. Апелираме да не се шират непроверени информации и шпекулацииза оваа важна тема, затоа што тие, покрај врз компанијата, нанесуваат штети и во напорите за лоцирање на вистинските проблеми со амбиенталниот воздух во нашиот град и врз преземањето ефективни мерки за почист воздух, а единствено имаат популистички ефект, велат од Усје.

Оттаму велат дека искрената борба за чист воздух и здрава животна средина се гради исклучиво врз аргументирани факти.

-Во интерес на јавноста уште еднаш сакаме да потенцираме дека Цементарница ги има имплементирано најстрогите стандарди и најдобрите достапни практики и технологии во индустријата. УСЈЕ континуирано и без исклучок ги спроведува сите постапки пропишани со домашната регулатива и паралелно ги следи оние кои важат за земјите на Европската Унија.Сите мерења на емисиите докажуваат дека Цементарница УСЈЕ не е причинител на зголеменото загадување на воздухот во нашиот град. Континуираните 24-часовни независни мерења, врз кои немаме можност да влијаеме, покажуваат дека емисиите на Цементарница сепостојано под, а во делови и неколкукратно пониски од законски дозволените вредности. Минатата година УСЈЕ започна со користење на алтернативни горива во целосно транспарентен процес. На отпочувањето на оваа нова инвестиција му претходеа јавни расправи, презентации и информации до медиумите, јавноста, невладините организации, граѓаните и институциите, објаснуваат од Усје.

Употребата на алтернативните горива спаѓа во групата на еколошкитехнологии.

Ваквите технологии повеќе децении секористат во развиените индустриски земји и во Европската Унија и претставуваат едно од најефикасните решенија, покрај другото и за проблемот со ширењето на депониите за отпад. Во некои земји одЕвропската унија,  употребата на алтернативни горива во цементната индустрија е над 50% од потребите за енергенси – Германијасо 65%, Чешка 62%, Белгија 53%, Полска 52%, Шведска 48%. ГенералниотпросеквоЕвропскатаУнијаизнесува 41% (2017 година). Во УСЈЕ, моментално, одвкупнатаколичина на енергенсиштогикористиме, на алтернативно гориво отпаѓа 4%, појаснуваат од Усје.

Тие тврдат дека Усје врши контролни испитувањана квалитетот на воздухот и тие редовно докажуваат дека состојбите со амбиенталниот воздухво нашиот град немаат никаква корелација со работата на Цементарница. Загадувањето на воздухот во градот е највисоко возимските месеци,и тогаш кога печките на Цементарница УСЈЕ не работат поради годишни ремонти, а обратно, тоа е најниско во летните месеци кога УСЈЕ работи со 100% од својот капацитет. Последното такво испитување, направено од акредитирана лабораторија на 10-11 јануари 2020 година, период кога не работеше ниту една печка на Цементарница УСЈЕ, покажа високи вредности на загаденост на воздухот на сите испитани точки во градот, вклучително и во кругот на УСЈЕ. Оттаму, јасно е дека не постои врска помеѓу високата аеро-загаденост и работата на Цементарница УСЈЕ.

Поврзани новости