427
Тито Петковски, актулениот лидер на НСДП на денешниот конгрес се осврна и на спорот за името, велејќи дека сме блиску до решавањето на ова прашање, но и предупредувајќи дека Грците се одлични трговци и уште подобри преговарачи.
– Не верувам во овие гушкања, добри пораки и срдечни поздрави, затоа што Грците се итри. Тие се одлични трговци и уште подобри преговарачи. Јас тоа не го кажувам првпат. Грчката официјална политика, грчката држава отсекогаш, особено од осамостојувањето, не сакала да постои ниту македонски јазик, ниту македонска држава. Доколку сега има созреани кругови коишто имаат влијание во грчката политика, се однесуваат онака како што говорат, мислам дека сме блиску до решавањето на ова прашање, рече Петковски.