Од утре ново поскапување на горивата

by Fokus 16:20
16:20

Од утре стапува на сила одлуката на  Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за ново поскапување на горивата за два денари по литар.

Со последната промена малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 70 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР БС-98 71,5 денари за литар, а малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) од утре ќе чини 62 денари за литар. За два денари поскапува и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и ќе се продава за 50,5 денари за литар.

Регулаторната комисија за енергетика, пред две недели донесе одлука за цените на бензините кои поскапеа за 2 денари. Во однос на цените минатата година ова време, тие се поскапи вкупно за 11 денари.

 

Поврзани новости