НСДП вчера го прослави своето десетгодишно постоење, а при таа пригода претседателот на партијата, Тито Петковски, рече дека сите овие години НСДП воспоставила силна врска со граѓаните, постојано ги артикулирала и застапувала нивните интереси, не само како како парламентарна партија, туку и како партија која е присутна во локалните совети на општините.
Тој се осврна и на моменталната политичка ситуација во земјава и како излез од кризата го гледа само целосното спроведување на Договорот од Пржино. Смета дека опозицијата треба да направи се за да дојде до реализацијата на Договорот, а одлагањето на изборите ќе значи негово поништување и враќање на почеток.
-Груевски знае дека ќе заврши во затвор и веројатно тешко му паѓа тоа. Тој го одлага тоа, но ние ќе го чекаме моментот. Од понеделник-вторник почнува да тече рокот на неговата оставка, рече Петковски.
На прославата на годишнината на НСДП присустуваа и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и претседателскиот кандиндат на опозицијата Стево Пендаровски и претставници на останатите коалициони партнери.