Барањето на ДУИ премиер да биде Албанец е обид Зоран Заев да се делегитимира, но и обид да се воведе друг општествен систем, смета лидерот на НСДП и поранешен претседател на парламентот Тито Петковски.
-Спроед тезата на Ахмети, Македонија да не биде граѓанско општество туку граѓанска држава меѓу Македонци и Албанци, значи бинационализација на земјата. Провокацијата што ја направи заменик министерот за внатрешни работи Нухиу потпишувајќи ги документите за двојазични униформи, во овој период, не е ништо друго туку национализам кој има функција да создаде зла крв и меѓу политичките конкуренти, но и меѓу граѓаните. Откако, ДУИ постои како воена формација прави провокација и го користат сериозниот конфликт меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Вулгарни и фашисоидни се уцените со 15 пратеници да има премиер Албанец или ако нема пораката е дека ќе има војна. Во Уставот јасно стои кој треба да формира влада – вели Петковски.
Според него, најдобро би било во Македонија да биде формирана Влада на национално единство која ќе биде фокусирана врз борбата против коронавирусот, криминалот и корупцијата.