Петковски бара една изборна единица, за да не и го чуваат само грбот на СДСМ

by Fokus

НСДП го одржува четвртиот конгрес со 500 делегати од повеќе градови. Во воведниот говор Тито Петковски рече дека е политичко самоубиство настапот на избори надвор од двете најголеми политички партии според Донтовиот модел на пресметка на гласовите.

 -Тој изборен модел објективно ги фаворизира партиите со многубројно членство, а ги релативизира помалите партии, независно од квалитетот на нивната политичка програма и изборна понуда – рече Петковски.

Тој додаде дека се надева на измена во изборното законодавство, бидејќи и СДСМ ќе може да се ослободи од несаканите политички партнери и во новите коалиции ќе влегува со чисти сметки.

– Не би било во ред само да се построиме зад стожерната партија на коалицијата и церемонијално да изразуваме поддршка и на партијата и на Владата. Оптимизмот го гледам во евентуалните измени на изборното законодавство, во насока на една изборна единица, отворени листи, и низок праг за влез во Собранието -рече лидерот на НСДП.

 

Поврзани новости