ВМРО-ДПМНЕ бара итна лидерска средба

by Fokus

Премиерот Заев и владата во континуитет демонстирааат дисонтантни тонови во однос на преговорите за името. Тие на почетокот имаа ставови за непромена на Уставот и задолжително одржување на референдум, но во периодот кој измина гледаме како овие ставови не само што бледнеат туку и истите се напуштаат, обвинува Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму бараат итна лидерска средба.

– Бараме итна лидерска средба која би се случила уште во текот на утрешниот ден, и на која би присуствувал и претседателот на државата господинот Ѓорѓе Иванов, а на која премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Димитров би ги соопштиле деталите и насоките по кои се движат разговорите за името, за да може јавноста да биде информирана но и партиите да заземат став по однос на ново настанатата ситуација, порача Јанушев.

Поврзани новости