Новиот бугарски премиер Кирил Петков во интервју за ТВ Блумберг ветува дека ќе го прекине дипломатскиот ќорсокак околу пристапните разговори на Северна Македонија со Европската унија што ги запира амбициите на земјава за ЕУ.
Бугарија, наведува американскиот финансиски медиум, ги блокираше разговорите на Северна Македонија за приклучување кон 27-члениот блок поради историски и јазични тврдења, истовремено тврдејќи дека се кршат правата на бугарските државјани во земјата. Петков, 41-годишниот алумни на бизнис школата на Харвард, избран минатата година да се бори против корупцијата, вели дека сака да ја префрли дебатата од историските спорови за да се фокусира на инфраструктурата и економскиот развој.
-Треба да ги ставиме сите дискусии на сите вин-вин ситуации меѓу двете земји. Ако двете страни почнат да зборуваат за добрите страни, подготвеноста да се постигне договор за важни прашања ќе биде полесна. Имам силна волја и верувам дека интересот на двете земји е да продолжи патот на Северна Македонија кон ЕУ… Значи, колку побрзо напредуваме со овие чекори, толку побрзо можеме да дојдеме со поконкретни рокови, смета бугарскиот премиер Кирил Петков.