Осум полицајци и припадници на националната гарда на Казахстан загинаа во немирите

by Fokus

Претседателот на Казахстан, Касим-Жомарт Токаев апелирал до безбедносната алијанса поддржана од Москва за помош за справување со протестите низ државата.

„Денеска упатив апел до шефовите на државите на ОДКС (Организација на Договорот за колективна безбедност) да му помогнат на Казахстан во надминувањето на оваа терористичка закана“, рече тој на државната телевизија. Токаев додаде дека „терористичките банди“ што ги водат протестите „добиле обемна обука во странство“, јавија западни медиуми.

Останатите земји од тој Договор се – Русија, Белорусија, Киргистан, Таџикистан и Ерменија. Засега Москва официјално тврди дека настаните се внатрешен проблем на властите во Нур-Султан и тие можат сами да се справат со тоа.

-Терористичките банди кои учествуваат во протестите поминаа сериозна обука во странство и нивниот напад во суштина треба да се смета за меѓународен напад и акт на агресија, рече Токаев. Терористите веќе зазедоа големи локации, вклучително и авиони, рече тој во телевизиска изјава.

Осум полицајци и припадници на националната гарда на Казахстан загинаа и 317 се повредени во немирите во таа држава.

Демонстранти, вооружени со пушки и гранати во Алмати, ја демолираа претседателската резиденција, јавија локални медиуми. Резиденцијата е опожарена, а горат и околни згради, додека полицијата по истрели од огнено оружје ја напуштила зградата.

Поврзани новости