340
Во односите меѓу Бугарија и Северна Македонија е важно перспективата да не се става само на тоа каков инцидент се случи и во исто време, додека се справуваме со јазикот на омразата, мора да се отворат и други теми како инфраструктурата и економијата, со цел односите да можат да имаат и позитивен карактер, изјави поранешниот бугарски премиер и копретседател на партијата Продолжуваме со промената, Кирил Петков.
– Во моментов е оставено на некои многу гласни луѓе да го дефинираат дијалогот меѓу двете земји. Време е да се вратиме на попозитивните работи, рече Петков во изјава за Бугарското национално радио (БНР).