По шест години, новиот роман на Мураками ќе излезе на 13 април

by Fokus

Славниот јапонски писател Харуки Мукраками во април ќе го објави првиот роман после шест години, најави издавачот „Шинчоша“. Неговиот последен роман, „Убиството на командантот“ излезе во февруари 2017.

Во кусото соопштение на јапонски јазик, издавачот вели дека новата книга ќе излезе на 13 април, без да даде детали ниту за насловот, ниту за содржината.

Примерок од романот од 74-годишниот автор, кој долго време важи за фаворит за Нобеловата награда за литература, ќе чини по 22 долара, најави издавачката куќа, додавајќи дека истиот ден ќе биде објавена и електронската верзија.

Издавачот вели дека не може да потврди дали ќе има преводи на книгата, ниту пак, кога ќе го соопшти насловот.

Мураками e меѓународно познат писател, и има широка читателска публика. Неговите дела се преведени на над 50 јазици.

Поврзани новости