Бугарскиот премиер Кирил Петков ниту ја потврди ниту ја демантираше информацијата дека ќе замине во Париз пред крајот на претседавањето на Франција со ЕУ за да се најде начин да се реши билатералниот спор меѓу Бугарија и Северна Македонија.
-Не можеме да потврдиме ништо во однос на чекорите. Но она што го потврдувам за да се избегнат секакви злоупотреби, пред што и да се направи, независно што ќе се договорат дипломатите, ќе оди низ Собранието и Собранието е последната инстанца и нема да има ништо тајно или скриено пред бугарскиот народ, рече Петков на прашњето дали се подготвува негова посета на Франција, на чија покана, на која тема, со кого е поканет.
„Затоа велам дека сега е кај диломатите, потоа следат политичарите и на крај Собранието кое треба да ја донесе тешката одлука“ , вели Петков.