ЕУ даде зелено светло за ембаргото на увозот на руската нафта

by Fokus 12:58
12:58

Лидерите на земјите членки на Европската Унија постигнаа договор за планот за блокирање повеќе од 2/3-тини од увозот на руската нафта.

Забраната ќе се однесува само на нафтата која доаѓа преку море, а не и нафтата која се пренесува преку гасоводите, пред се заради заради противењето на Унгарија.

Ембаргото за увоз на руската нафта е дел од шестиот пакет санкции кој доби зелено светло на вонредниот самит на ЕУ во Брисел, откако сите 27 членки на ЕУ се согласија за негово усвојување.

Русија во моментов обезбедува околу 27% од нафтата која ЕУ ја увезува и 40% од гасот. За возврат, ЕУ на Русија и плаќа околу 400 милијарди евра годишно.

 

Поврзани новости