716
Бугарскиот премиер Кирил Петков како успешна ја оцени посетата на Скопје и притоа тој потенцираше дека работните групи од двете земји ќе продолжат и во иднина да разговараат.
„Таа нота е многу поважна од само кусото и долгото име. Таа покажа дека Северна Македонија нема територијални претензии кон Бугарија“, истакна Петков пред бугарските новинари.