Драма во Топаана, две лица хоспитализирани

by Fokus

Вчеравечер во населбата Топаана се случила вистинска соседска драма, во која повредени биле две лица при што веднаш биле хоспитализирани.

„На 18.01.2022 во 22.15 часот било пријавено дека во нас.Топаана, додека М.С.(47) од Скопје бил во неговиот дом со семејството, дошол соседот Н.И.(46) од Скопје и започнал вербална расправија, која прераснала во меѓусебна физичка пресметка. Малку подоцна во дворот Н.И. со остар предмет ја повредил С.Д.(46), сопруга на М.С., а нивната малолетна ќерка му го одзела остриот предмет и со него го нападнала Н.И.. Со повреди се здобиле С.Д. и Н.И., по што биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охрдски“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Се работи на расчистување на случајот“, велат од МВР.

 

 

Поврзани новости