Секое решение во врска со Македонија мора да биде со целосна согласност на партиите од владината коалиција и од опозицијата и нема да биде донесена никаква конкретна одлука без одобрение на Парламентот и без целосна поддршка на сите кои ќе гласаат за неа, изјави денеска бугарскиот премиер Кирил Петков во Народното собрание во Софија.
– Имаме јасно потпишан договор за коалицијата, кој строго го почитуваме. Правиме сите наши постапки да бидат во согласност со него. Јас како премиер немам право на никаков начин, ниту пак ќе се обидам, да направам некакви договори. Имаме рамковна позиција, декларација – изјави Петков за позицијата на Бугарија кон земјава.
Според Петков, актуелните случувања во Украина „го направи случајот Македонија уште поделикатен“.
– Западниот Балкан е и регион во ризик. Безбедноста на Западниот Балкан е од големо значење за бугарската држава. На овие одлуки мора да им пристапиме со голема одговорност – додаде Петков.