Петков: Сега имаме верба, Европското обвинителство го презеде случајот на Борисов

by Fokus

Европското обвинителство во моментов го истражува случајот со апсењето на Бојко Борисов, Владислав Горанов и Севдалина Арнаудова и обвинувањата против нив, изјави синоќа бугарскиот премиер Кирил Петков на вонредната прес-конференција на Советот на министри.

Повод за прес-конференцијата беа изјавите Државното обвинителство според кое полицијата не им доставила предлог уредба за вмешаност на обвинетите лица. Обвинителството го критикуваше МВР за нивните постапки во последните 24 часа во врска со приведувањето на тројцата.

-Обвинителството има уште еден сериозен проблем – европското обвинителство работи на овој случај. Сега постои паралелна европска структура, во која веруваме многу повеќе, која исто така работи на овој случај и ќе има многу јасни информации на европско ниво, рече Кирил Петков.

„Битката започна и отсега ќе работиме со сите инструменти на Европа за да ја придвижиме Бугарија на следното ниво. Жал ми е што обвинителството вечерва се разоткри на таков очигледен начин“, додаде тој.

Министерот за внатрешни работи Бојко Рашков нагласи дека трите проекти за обвинение биле доставени до обвинителството пред пладне. Тој објасни и зошто Борисов, Горанов и Арнаудова се уапсени по член од законот за итни случаи.

-Веќе подолго време МВР нема основа да има доверба во бугарското обвинителство, може да дознаете каква е нивната судбина, рече Рашков.

 

Поврзани новости