747
Поддршка за европската перспектива на Северна Македонија изразува премиерот на Бугарија Кирил Петков во интервјуто за грчкиот весник „Катимерини“, но додава дека потребно е, прво да се решат одредени прашања, како што е почитување на правата на Бугарите во Северна Македонија со гаранции во Уставот, јави дописничката на МИА од Атина.
– Ние сме за европската перспектива на Северна Македонија, како и на Албанија. Но, постојат одредени работи што треба прво да се решат, како што е почитувањето на правата на Бугарите во Северна Македонија, со гаранции во рамките на Уставот. Имаме план и многу добра комуникација со Владата на Северна Македонија и се надеваме дека брзо ќе одиме напред – рече бугарскиот премиер.