Петков најави дека македонската влада доаѓа во Софија

by Фокус

Владата на Република Северна Македонија доаѓа следниот вторник на 25 јануари, имаме можност да направиме нешто што не е направено во последните 30 години, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков, најавувајќи ја заедничката седница на македонската и бугарската влада во вторник во Софија.

-Треба да ги достигнеме задачите што не се направени. Треба да видиме како да имаме железничка линија помеѓу Софија и Скопје во најкус можен рок, како да се патува побрзо со автомобил, како навистина да има половина час лет, како да има културен календар, како да се координираат образовните програми – рече Петков.

Тој додаде дека ќе се направи реален план за постигнување на зададените цели во наредните шест месеци.

Поврзани новости