767
Премиерот на Бугарија, Кирил Петков денеска во интервју за еден бугарски медиум рече дека оставањето на Македонија на патот кон ЕУ не значи нејзино влегување во ЕУ, туку до тоа има околу 15 години.
-Не можеме да пристапиме со „заборави сѐ што знаеш досега и прифати сѐ како што јас ти велам“. Тој пристап не функционира. Во тие 15 години има 27 поглавја да се отворат. Ако направиме процес да се развива историската вистина, да се отстрани дискриминацијата и јазикот на омразата и тој процес има јасен механизам како да се исчистат тие елементи, рече Петков.