658
Премиерот на Буарија, Кирил Петков во интервју за романска телевизија говореше за последните светски случувања, навраќајќи се и на блокадата на Македонија од Бугарија.
„Бугарите треба да сфатат дека НАТО не е во Бугарија, туку Бугарија е во НАТО. не можам да бидам одговорен за ништо во овој случај. Решив дека иднината на Северна Македонија и Албанија мора да биде во ЕУ – тоа е добро за регионот“, рече Петков.
Инаку, Петков претходно беше во посета на Вашингтон, а државниот секретар на САД, Ентони Блинкен по нивната средба ја истакна важноста од брз пристап во ЕУ за квалификуваните аспиранти.