Собранието не го утврди дневниот ред на новата 71 седница

by Fokus

Собранието денеска работеше по нова 71 седница, за која, и по целодневна расправа, сè уште не е утврден дневниот ред. За збор се пријавени 37 пратеници од опозицијата, а седницата ќе продолжи утре во 12 часот.

Попладнето расправата во Собранието измина во меѓусебни препирки меѓу претседателот на Собранието Талат Џафери и пратеници од опозицијата, поради различно толкување на Деловникот. Ситуацијата се вжешти откако пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски, повикувајќи се на член 70 од Деловникот, рече дека ќе говори 10 минути за да образложи зошто неговиот Предлог-закон за акцизи треба да се најде на дневен ред на 71 седница.

Претседателот Џафери, повикувајќи се на член 77 од Деловникот, му рече дека тој има право во три минути да го образложи предлогот.

По ова, неколку пратеници се јавија процедурално за објаснување на член 70 од Деловникот и зошто Стојановски има право да говори 10 минути.

Поврзани новости