Повеќе од 4000 граѓани досега ја потпишале онлајн петицијата за итна оставка на претедателот, Ѓорѓе Иванов. Петицијата е достапна на веб платформата change.org.
-Ние, граѓаните на Македонија, бараме итна оставка на Ѓорге Иванов од позицијата Претседател на Република Македонија. Ѓорге Иванов го крши Уставот и ја турка Македонија во нестабилност и немири со спречувањето на мирен трансфер на власта. Сметаме дека со оставката на Иванов, ќе се овозможи мирен трансфер на власта и ќе се смири меѓуетничката тензија што Иванов ја подгрева со неговото недржавничко и неуставно однесување. Новиот претседател на Собранието би бил вршител на должност Претседател на РМ и ќе го додели мандатот на новото парламентарно мнозинство“ – се наведува во причините поради кои Иванов треба да си оди од функцијата.