Петиција: Тодоров да се напие чаша вода од Дојранското Езеро

by fokus

Како реакција на изјавата на министерот за здравство Никола Тодоров, кој убедува дека водата во Дојранското Езеро е добра за капење, покрената е онлајн петиција.

Со неа се бара министерот да се напие чаша вода од езерото, за да докаже дека лабараториските резултати на Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Институтот за јавно здравје се погрешни.

„Бидејќи делата се погласни од зборовите, бараме министерот да стави крај на дилемите на граѓаните и со свечено пиење чаша вода од Дојранското езеро да ни покаже дека ова лето безгрижно може да лудуваме во исправните води на дотичното езеро. П.С. Ако не сака чаша вода, прифатливо е и повеќеминутно гњурење“, се вели во онлајн петицијата.

Претходно, Институтот соопшти дека Дојранското езеро е загадено и издаде забрана за капење на четири плажи, а од Инспекторатот, пак, велат дека водата во езерото е од трет степен и е небезбедна за капење.

 

Поврзани новости