700
Охриѓанецот Петар Рупески денеска го извади крстот од Охридското Езеро. Ова за него е петти пат како го фаќа крстот, а првиот пат го сторил тоа во 2005 година.
На чинот на осветувањето на водите на Охридското Езеро што го спроведоа великодостојници на Дебарско-кичевската епархија присуствуваа десеттина илјади луѓе, православни верници од Охрид и од други делови на Македонија, но и гости од странство, меѓу кои и делегации на збратимените градови на Охрид.
Извор – Сител ТВ