Петар Поповски се закити со нова награда за развој на 5Г Технологијата

by Фокус

Македонскиот истражувач Петар Поповски доби награда за развој на 5Г технологијата која му беше доделена во Куала Лумпур. Наградата ја доби заедно со уште 4 други истражувачи.

Петар Поповски е дипломиран електро- инженер, првенец на Електротехничкиот факултет во Скопје во генерацијата  1997. Магистрира во 2000 година на Електро-техничкиот факултет , каде и привремено работи како асистент, во Институтот за телекомуникации.  Во 2001 година заминува за Данска, на докторски студии во Универзитетот во Алборг. Од 2004 работи како доцент на Универзитетот во Алборг, а оттогаш наваму се множат неговите награди за истражувачка работа.

- Advertisements -