Почна евакуација на бегалскиот камп во Идомени

by Фокус

Грчките власти утрово ја започнаа операцијата за постепена евакуација на најголемиот бегалски камп во земјата, кој се наоѓа во Идомени на грчко-македонската граница.

Во кампот според некои проценки со месеци живеат околу 8.400 лица.

Владини и полициски претставници изјавија дека бегалците и миграните во Идомени ќе бидат постепено префрлени во нови организирани кампови.

За операцијата во Идомени се испратени околу 20 единици од полициските сили за борба против немири со вкупна бројка од околу 400 полицајци.

Евакуацијата засега тече бавно и мирно, изјави Јоргос Кирицис, портпарол Службата за координација на мигрантската криза, јави БТА.