414
Тројца од Шипковица и седумгодишниот А.И. од Тетово се четирите жртви од вчерашното силно невреме во Тетовско, потврди утрово Секторот за внатрешни работи.
Според портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, телата на починатите се пронајдени, а како исчезнато се води шестгодишно девојче од Шипковица.
– Повредени се засега 11 лица, најмногу од Шипковица, Селце Џепчиште и Мала Речица. Дел од нив се уште се на болничко лекување, а дел се пуштени дома – рече Јосифовски.
Во Тетово се оштетени четири возила од паѓање гранки, дрва, предмети,… Се уште се пријавуваат штети на куќи и објекти однесени од свлечишта.