643
При контролата на полицајци од СВР Битола, денеска од 8 до 14 часот, биле откриени и санкционирани пет возила со неисправни сопирачки, кои веднаш биле исклучени од сообраќајот.
Како што соопшти МВР, контролата била спроведена на возила кои вршат јавен превоз, а четири од нив се на територија на Битола и едно возило на територија на Прилеп.
-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, се вели во соопштението од МВР.