Пет пациенти испишани од Инфективна, 18 оздравени во домашни услови

by Frosina Fakova

Од Клиниката за инфективни болести се испишани пет оздравени пациенти соопштуваат од Миистерството за здравство.

Освен пациентите кои си заминаа оздравени од Инфективна, денеска се регистрирани и 18 оздравени пациенти кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на корона вирусот.

Со новите оздравени, бројката на излечени пациенти е 121, 46 се смртни случаи, а од вкупно 1081 заболен, 914 се активни случаи.

Поврзани новости