Пендаровски: Ако може Папата сам да држи миса и да се затворат најсветите џамии и кај нас може да се почитуваат уредбите

by Frosina Fakova

Претседателот Стево Пендаровски, осврнувајќи се на прашањето на за прославата на најголемиот христијански празник Велигден, во услови на пандемија на корона вирусот, кога сепа црквите ќе бидат отворени и деновиве верниците сепак ќе може да се причестуваат, порача дека здравјето на верниците е најважна работа и дека секој треба да ги почитува уредбите кои ги носи Владата за време на пандемија.

Освен Велигден, потсети дека за околу еден недела почнуваат и рамазанските пости и порача дека ако може Папата да држи миса сам и најголемите џамии да бидат затворени во време на пандемија, тоа треба да го почитуваат и двете верски заедни, МПЦ-ОА и ИВЗ.

– Папата сосема сам ја држи мисата што не се случило никогаш во долгата историја на католичката вероисповест. Има и еден друг податок, кој не знам дали го знаат нашите граѓани. Саудиска Арабија седиште на најсветите места за исламот, Мека и Медина. Таму се наоѓаат џамиите кои секоја година се посетуваат милиони верници на аџилак. Може нема да ви се верува, меѓутоа на 20 март оваа година, саудиските власти донесоа одлука со која ги затворија двете најсвети џамии за секој муслиман во светот. Ако може тоа да го прави Папата и најсветите муслимански места, не можам да видам зошто нашите верски заедници тоа не би го почитувале, порача претседателот.

Поврзани новости